Во своето гостување во „Само интервју“, обвинителката Вилма Русковска се осврна на случајот рекет. Во таа насока, Русковска се обиде да ги разреши дилемите и контроверзиите во овој случај.
„Торбата и сликата од парите беа сликани на едно плико. Па кога се изврши вештачење на телефонот на Боки, според локацијата утврдено е дека тој се наоѓал во домот на своите родители. И покрај сите претреси, торбата не е пронајдена. Не дојдовме до доказ за вмешаност на премиерот во овој случај. “
На новинарско прашање, дали знаеле родителите на Бојан за парите, Русковска вели:
„Јас мислам дека знаеле. Факт е дека исто така, кога Бојан Јовановски сликал, утврдено е дека се наоѓал во домот на Катица Јанева. “
Предистражна и истражната постапка се тајна, а Бојан го знаел секој детал, додаде Русковска.
„За овој случај бевме информирани од премиерот.По што посочивме дека најдобро е самиот Јордан Камчев и поднесе кривична пријава во обвинителството“, посочи обвинителката.
Одделот за компјутерски криминал, како што посочи Русковска го вештачеле телефонот на Бојан Јовановски. Па оттаму, по таквиот добиен матријал се врши анализа.
„Колегата Дуковски уште во истражната постапка, изрази желба да се донесе нивно лице кое ќе учествува во вештачењето на телефонот. Реално, обвинителството доби цврсти докази, па немаат друго, освен на ваков начин двете одбрани да се обиде во жалбена постапка нешто да добие“, истакна Русковска.