470
Обвинителката, Вилма Русковска, во вечерашното гостување во „Само интервју“, се осврна на случувањата од 27. Април.
„Објаснив дека во 27. април не се работи за терористи. Требаше сите да одговараат само за рушење на уставниот поредок“, посочи Русковска.
„Амнестијата е политичка одлука. Па, ако некој беше повреден од таа аменстија, тоа бевме јас и мојот тим. Немав избор, морав да го следам законот“, додаде таа.
На новинарите кои беа присутни им се отфрлаат тужбите, како гледате на ова, беше запрашана Русковска.
„Не ме чуди ништо, и мојата тужба е отфрлена“, вели обвинителката.