Обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска во врска со одбиеното тужбено барање против Игор Јанушев и Христијан Мицкоски, односно против ВМРО-ДПМНЕ, најави дека ќе поднесе жалба до Апелационен суд откако ќе биде изготвена пресудата.
На прашањето дали има во нашата земја криминал, Русковска вели дека од ЕУ токму Обвинителството за организиран криминал е пофалено за начинот на работа.
-Има многу корупција и криминал, ЕУ очекува напредок во бробата во пследниот извиштај пофални зборови беа токум за Обвинителството за организиран криминал.Сметам дека граѓаните треба да пријавуваат, сите се соочиле со корупција, но дел од нив може си велат дека не сакаат да се влечат по судови, но треба да се охрабрат и да пријават, очекувам поддршка од граѓаните, изајви Русковска во денешното гостување во Студио 10 на ТВ24.