За јавноста ќе наведам дека ги побивам наводите во решението. Со жалбата ги побивам наводите во решението. Не сум прашала за која кривична пријава се однесува суспензијата, но сметам дека се однесува на пријавата која Муареми ја поднесе против мене, изјави Обвинителката Вилма Русковска откако ја поднесе жалбата за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители.
-Ова не го сметам за суспензија на Русковска, туку за суспензија на правото и правдата. Без разлика што имаше соппштение дека предметите кои ги водев јас ќе продложат со ист интензитет, после ова мене што ми се случи не верувам дека било кој колега сериозно ќе продолжува да постапува по истите, кажа таа.
На прашањето дали некој политичар стои зад ваквите настани таа одговори:
„Јас како обвинител не сакам да поверувам во ткаов нешто“.
Русковска напомена дека добила поддршка од своите колеги, адвокати, обвинител нудејќи и помаш.