492
Вилма Русковска, првиот човек на Обвинителството за организиран криминал, во „360 Степени“ на Алсат зборуваше и за видео и аудиоматеријалите кои се појавија во јавноста за наводно поврзување на екс-директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев со случајот „Дијамед“.
„ Нема отворено истрага, колку што ме информира колегата кој постапува по предметот, истиот е во предистражна постапка“, рече Русковска.
На прашањето дали во овој предмет има поврзаност со случајот со „Дијамед“, таа одговори дека единствената поврзаност е тоа што сопственичката на „Дијамед“ е подносителот на пријавата за Дончев.