Русковска: СДСМ ми го „спакува“ разрешувањето со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
460 прегледи

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која неодамна доби отказ и отиде во пензија, вели дека од денешна гледна точка, нејзиното разрешување било „спакувано“ од СДСМ, со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.

Русковска тврди дека нејзиното заминување почнало кога биле отворени случаите против поранешните генерални секретари во Владата, Драги Рашковски и Мухамед Зеќири, а а кулминирало со нејзината наредба за претресот што беше извршен во канцеларијата на поранешниот директор на Финансиска полиција од редовите на ДУИ, Арафат Муареми.

Русковска во подкастот „Петрес“ зборувал и за случајот „27 април“ каде што рече дека и понатаму стои на ставот дека кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок“ е токму делото за кое осудените добија затворски казни.

На прашањето колку пати се слушнала со поранешниот премиер Зоран Заев, таа рече дека е сигурна дека пред да се донесе Законот за амнестија, со кој се ослободија дел од обвинетите, Заев побарал од неа да го преквалификува делото во поблаго кривично дело, но таа одбила. Според Русковска, екс-премиерот тоа го барал поради тогашните уставните измени.

Слични содржини