234
„Обвинетите не се мали деца за да можат да бидат изманипулирани, тие беа и државни функционери. Јас со вакво тврдење апсолутно не се согласувам и очекувам судот да ги цени материјалните докази”, изајви денеска обвинителката Вилма Русковска, по сведочењето на премиерот Зоран Заев за настаните од 27 април 2017 година, со кое тој се посомнева дека биле организатори на нападот обвинетите политичари во случајот, со исклучок на неговиот претходник Никола Груевски.
На прашањето дали ќе отвори истрага по исказот на Заев, Русковска рече дека тој дал свое мислење и не може да се отвори истрага за дадено мислење.