Русковска за уапсените дилери во Грчец: Не беше спроведена финансиска истрага, од страв да не биде пробиена

од Nikola Popovski
320 прегледи

По големата полициска акција утрово, што се случи на неколку локации низ Скопје, при штоа беа уапсени 21 лице, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска, изјави дека тие имаат докази дека приведените лица сториле кривично дело „недозволена трговија со опојни дроги“.

„До сега нема осомничени полициски службеници, Пред акцијата не е спроведена финансиска истрага, од страв дека акцијата може да биде пробиена, но од понеделник ќе следи и финансиска истрага“, рече таа.

Русковска додаде дека обвинителите и истражителите во нејзиното обвинителство долго време го работат овој предмет и собираат докази.

„Година време собиравме докази, имаше ПИ-мерки, слушање комуникации и следење. Приведени се 21 лице, тие се наоѓаат во повеќе полициски станици, а како што сум информирана, по одредени лица сѐ уште се трага“, вели обвинителката.

Според првичните информации, во полициската акција која беше спроведена во скопски Грчец, Гази Баба, Чаир и Синѓелиќ, била пронајдена и запленета дрога, пари и автомобили.

Слични содржини