Рустем Умеров е новиот министер за одбрана на Украина

од Stefanija Kuzmanovska
410 прегледи

Врховната рада денеска изгласа Рустем Умеров да биде нов украински министер за одбрана.

Умеров (41), поранешен адвокат и кримски Татар, е член на опозициската партија Холос и од септември 2022 година е на чело на Украинскиот фонд за државен имот. Тој има и значајна улога во различни хуманитарни активности вклучително размена на воени заробеници, политички затвореници, деца и цивили, како и евакуација на цивили од окупираните територии. Тој, исто така, беше вклучен и во преговорите за извоз на украинското жито преку Црно Море.

Умеров е заменик-шеф на постојаната делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа, претставувајќи ги кримските Татари и е советник на поранешниот претседател на Меџлисот на Кримските Татари, Мустафа Џемилев. Од декември 2020 година,  ја преземал улогата на копретседавач на дипломатската иницијатива на Кримската платформа.

Умеров доаѓа на местота на Олексеј Резников, кој беше разрешен од страна на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Слични содржини