Рустеми: Општина Чаир има долг од 7 милиони денари кон Комуналец

од Nikola Popovski
22 прегледи

Директорот на ЈП Комунална хигиена Скопје Сабахудин Рустеми тврди дека општина Чаир има вкупен долг над 7 милиони денари кон претпријатието со кое раководи, кој, како што вели, опфаќа неплатени финансиски обврски од страна на општинските институции, вклучувајќи ги и самите општински објекти, основните училишта и градинките кои се во надлежност на општина Чаир.

-Активностите за чистење и одржување на јавната хигиена на територијата на Општина Чаир се реализираат редовно и согласно Оперативниот план донесен од Советот на Град Скопје. Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, со изјави во кои алудира на наводно неизвршување на обврските од страна на Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје, има за цел да го одвлече вниманието од вистинските проблеми кои сам ги создава. Ганиу треба сериозно да се занимава со долгот од 7 милиони демари што Општина Чаир го има кон ЈП Комунална хигиена Скопје, кој се акумулира од моментот кога тој е носител на функцијата градоначалник на Чаир, вели Рустеми во соопштението до медумите.

Тој појаснува дека Општина Чаир е континуирано и институционално информирана за постоењето на овој долг, но досега не презела конкретни чекори за негово подмирување.

-Иако тој не ги подмирува своите обврски со години истото не ја спречува нашата работа, но директно влијае врз одржливоста и квалитетот на услугите кои ги нудиме на граѓаните, вели директорот на ЈП Комунална хигиена Скопје.

Слични содржини