Рустеми побара затворска казна за Јанакиески за „Сончев Град“

од Берта Китинска
284 прегледи

Јавниот обвинител Бурим Рустеми на судењето за случајот „Топлик” во завршниот збор посочи дека од изнесените докази во текот на постапката во целост се потврди дека дејствијата на ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и членовите на Комисијата за јавно наддавање и нанеле штета на Буџетот на државата во висина од еден милион евра, како исплатена камата на израелската фирма „Сан сити” поради неспроврдливоста на договорот од спроведеното јавно наддавање за продажба на земјиштето за комплексот „Сончев град”.

Обвинителот Рустеми, побара од Судот да ги прогласи за виновни за „злоупотреба на службена положба и овластувања” и им изрече ефективни казни, со оглед на степенот на кривична одговорност и последиците од делото, како и фактот дека воопшто не изразиле каење во текот на постапката.

„Степенот на кривичната одговорност, фактот дека истите контируирано се обидуваат во целост да ја избегнат кривичната одговорност, а со тоа и да се соочат од последиците од делото кое го сториле, при што воопшто не изразија каење и жалење за стореното дело и сметам дека во конкретниот случај единствено оправдано е изрекување на ефективна казна затвор“, рече Рустеми.

Слични содржини