Сѐ почесто луѓето кои живеат во урбани домови, решаваат да се потпрат на внатрешен дизајн во рустикален стил или кажано со други зборови – во духот на селските куќи.
Не е задолжително да се обложите на овој концепт, само ако имате вила или куќа во покраината. Можете да си создадете една органска средина дури и во големиот град.
Рустикалниот стил се карактеризира со употреба на многу дрво, по кое има детали, бакарни и леани железни елементи и садови, камени ѕидови, волнени или кожени теписи, глинени предмети, акценти од ратан и ковано железо и др.
Идејата е да бидат собрани различни елементи од природата, за да се добие една непретенциозна, малку погруба средина која сепак вдахнува тишина и комфорт.
Не е потребно да ја претворате дневната во стара штала, но сепак ако ви се допаѓа овој стил, можете да внесете во внатрешноста еден ѕид со камено или да се стават на таванот дрвени греди и да изберете мебел со класична форма.
Видете фотографии на внатрешни решенија во рустикален дизајн во галеријата.