Руте: Холандија не е одговорна за Сребреница

од Vladimir Zorba
116 прегледи

 

Холандскиот премиер Марк Руте ги отфрли денеска тврдењата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека Холандија е одговорна за смртта на 8.000 муслимани во Сребреница во 1995 година.

– Ердоган продолжува да ја влошува ситуацијата. Тоа е гнасна историска лага, истакна Руте.

Претходно, турските медиуми објавија дека Ердоган изјавил оти Анкара знае како Холандија „ја разбира“ цивилизацијата и моралот преку нејзината улога во геноцидот во Сребреница.

– Ние знаеме колку е расипан нивниот карактер од масакрот на 8.000 муслимани во Сребреница, нагласи Ердоган.