Руте: Иран е опасност за Европа, но НАТО не е вклучено во конфликтот на Блискиот Исток

„Сите сме во подобра ситуација затоа што (ајатолахот) Хамнеи не е тука кој што е одговорен за 10 илјади смртни случаи за време на протестите во Иран“, рече шефот на НАТО

од Nikola Popovski
24 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

Шефот на НАТО, Марк Руте денеска од Скопје порача дека самото НАТО не е вклучено во конфликтот на Блискиот Исток, но, како што вели, Иран добива способности за користење на проектили, што не е опасност само за регионот туку и за нас во Европа. Вели дека знаеме како Иран е експортер на хаос со децении и тоа го прави преку терористички напади и обиди за атентат.

-Според моето лично искуство, многу лица се под опасност од иранскиот режим. НАТО не е вклучено и ќе го одбрани секој дел од територијата на Воената алијанса. Сите сме во подобра ситуација затоа што Хамнеи не е тука кој што е одговорен за 10 илјади смртни случаи. Исто така сме во подобра ситуација со намалување на нуклеарните капацитети (на Иран), кажа Руте на денешната прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Вилата Водно.

Првиот човек на најголемата воена алијанса додаде дека кампањата во Заливот ја водат САД и Израел и според него, многу сојузници даваат значајна поддршка што не е дел од кампањата туку во однос на пристап и логистика.