Руте: Ќе се браниме ако Русите направат нешто намерно против НАТО

Ги имаме сите можности да се браниме, вели шефот на алијансата

од Vladimir Zorba
5 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/НАТО

Доколку Русите направат нешто намерно против НАТО, ние ги имаме сите можности да се одбраниме, изјави денес генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, пред новинарите пред почетокот на состанокот на министрите за одбрана на земјите од пактот во Брисел.

Постоеја прашања за тоа дали НАТО е во позиција да дејствува решително кога нешто ќе се случи во нашиот воздушен простор – ве уверувам дека можеме да реагираме, додаде тој. Во општеството постои став дека секој руски авион што ќе го прекрши законот треба да биде соборен, јас не се согласувам со тоа, истакна Руте.

Според него, обезбедувањето на украинската страна со ракети со долг дострел е билатерално прашање за кое нема да се дискутира денес. Според Руте, напредокот на Русија во Украина оваа година бил многу ограничен.