Руте: Потребни се 3,5% од БДП за одбрана за НАТО да ја сочува безбедноста

„Живееме во опасен свет, а заканата не е далеку“, предупреди Руте, наведувајќи дека руските ракети од новата генерација можат да стигнат до европските престолнини за само неколку минути, објави РТВ Словенија

од Vladimir Zorba
18 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес на седницата на Парламентарното собрание на НАТО во Љубљана изјави дека земјите-членки на Алијансата треба да издвојат 3,5 проценти од БДП за одржување на безбедноста на Атлантикот, Арктикот, Европа и САД.

„Живееме во опасен свет, а заканата не е далеку“, предупреди Руте, наведувајќи дека руските ракети од новата генерација можат да стигнат до европските престолнини за само неколку минути, објави РТВ Словенија.

Руте нагласи дека НАТО не треба да ја потценува руската закана, но во исто време да не ја преценува својата воена моќ.