Во врска со Западен Балкан, ситуацијата се разликува од земја до земја. БиХ знае дека има работа пред да добие кандидатски статус, Косово има направено одреден напредок кон визна либерализација, но, најмногу сум загрижен околу С. Македонија, а со тоа и Албанија, поради бугарската блокада на земјата и започнување на пристапните преговори, изјави холандскиот премиер Марк Руте пред почетокот на Европскиот самит во Брисел.
Руте вели дека Французите, Германците, па и Холанѓаните се обиделе да испреговараат одреден исход, нагласувајќи дека Бугарите сега прават напори за да се направи чекор напред.
– Секако, тоа треба да биде прифатливо и за Македонците. Ништо никогаш не е лесно на Балканот, но тука мислам дека постои 50-60 проценти шанса за напредок во текот на следната недела – изјави Руте пред почетокот на Европскиот совет во Брисел.