Руте: Зад сцената многу земји се обидуваат да разговараат за проблемот со Бугарија

од Берта Китинска
419 прегледи

Прашањето меѓу Бугарија и Северна Македонија е билатерално и тоа не треба да ги запира пристапните преговори. Цврсто верувам во ова и тоа не е само мое мислење, туку на сите други земји членки на ЕУ, порача холандскиот премиер Марк Руте, кој денеска престојува во посета на Скопје.

„Можеби, не е видливо за сите, но има многу дискусии со Бугарија, јас лично со претседателот Радев, но и другите колеги од ЕУ за да осигураме што е можно поскоро проблемот да се реши. Бидејќи не е добро по долго чекање на почеток на преговори, бидејќи јас чувствував дека тогаш Северна Македонија не беше подготвена, но сега е подготвена, а ова прашање е причина и се уште тоа не може да се случи. Тоа не е добро. Но, можам да ве уверам дека зад сцената, многу земји членки се обидуваат да разговараат со Бугарија и се надевам на најдоброто – дека по изборите на 14 ноември ќе продолжиме напред што е можно побрзо. Го разбирам ова размислување, но би побарал од граѓаните на Северна Македонија да не ја губат довербата во ЕУ. Сакаме да почнете преговори, сакаме еден ден, можеби, да станете полноправна членка, а во меѓувреме, да видиме на што можеме да работиме за многу практични резултати за Северна Македонија, но и за Албанија“,рече Руте.

Слични содржини