Рутинска победа на Вардар на гостувањето во Панчево

од Vladimir Zorba
287 прегледи

Ракометарите на Вардар стигнаа до нова победа во регионалната СЕХА лига откако славеа на гостувањето кај Динамо Панчево со 27:23 (13:9). За избраниците на Раул Гонзалез ова беше 15 победа, со што само ја потврди доминацијата и ја продолжи серијата без пораз во досегашниот тек од регионалното натпреварување.

Вардар доминираше во текот на целиот меч, иако очигледно не играше со полни сили, а клучната разлика ја направи на стартот на второто полувреме, кога стигнаа до осум гола предност 20:12. Гонзалес одмори дел од првотимците, но и комбинираниот тим успеа да се справи со еден од најслабите тимови оваа сезона во СЕХА.

Мартин Поповски со 6 погодоци беше најефикасен кај Вардар, 5 постигна Даинис Криштопанс, додека Хорхе Македа реализираше 4 погодоци.

Вардар има 46 бода, додека Динамо остана на претпоследната девета позиција на табелата со само осум освоени бода во регионалната лигата. „Црвено-црните“ во наредното коло од СЕХА се домаќини на Нексе (13-ти март).

Слични содржини