Ружин: Десет причини зошто треба да се поддржи француски предлог на ЕУ !

од Берта Китинска
231 прегледи

Поранешниот дипломат и политичар Нано Ружин на својот Фејсбук профил напиша десет причини зошто треба да се поддржи таканаречениот Француски предлог на ЕУ за решавање на спорот со Бугарија!

Објавата ви ја пренесуваме во целост:

-Во историјата на секоја држава, постојат клучни датуми, историски моменти и пресвртници кои влијаат врз иднината и развитокот на општеството и кои идните генерации ќе ги споменуваат како решавачки во изградбата и афирмацијата на државата. Постојат државници, големи и храбри визионери и интелектуалци кои ги водат таквите процеси но постојат и такви кои отворено се спротиставуваат на прогресот, цврсто убедени во своите емотивни ставови, политички пресметки и цели, заробени менталитети и користат популистички, методи и лажни вести за да го оневозможат текот на историјата. Таков е случаот и со првите реални чекори на Северна Македонија во Европската Унија околу подршката на Преговарачката рамка што ја понуди Француското претседателство.

Прво: по седумнаесет години чекање новата раководна политичкиа гарнитура независно од разните политички калкулации и „мудрувања“ на бројни политичари и експерти подржана од Европскиот Совет, најде енергија, храброст и мудрост да го надмине спорот со источниот сосед.

Второ: Пред десетина дена овој спор се чинеше непремостив бидејки делумно завираше во нашиот идентитет и историја. Овој пат овие прашања беа решени бидејки не влегоа во Преговарачката рамка.

Трето: Со формулацијата„македонски јазик“ како централен дел на секој идентитет признаен од 25 држави членки на ЕУ како официјален јазик на С.Македонија и дел на ЕУ, надминто е едно од најчуствителните прашања што ги оптоваруваа односите помеѓу Скопје и Софија.

Четврто историјата за која се потрошија толку многу емоции и енергија не најде место во Преговарачката рамка. Останува комисиите и натаму да работат, но недоразбирањата неможат да бидат изговор за употребата на ветото од страна на Софија.

Петто: Напредокот на СМ кон ЕУ по скринингот ќе зависи од внесувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот. На тој начин со внесувањето на бугарското малцинство во Преамбулата на Уставот, паѓа и тезата дека Македонците се Бугари бидејки неможат во иста држава да живеат и малцинство и народ од иста провиненција.

Шесто: Акциониот план за малцинствата е една приказна, така што во услови на евентуален притисок на Бугарија за употреба на вето, ЕК ке одговори дека„не постои основа за тоа“.

Седмо: Сите елементи кои значат почеток на преговорите со една земја -кандидат за ЕУ ќе бидат вклучени во првата меѓувладина конференција, до безусловно и автоматско одржување на втората меѓу-владина конференција, без шанси за Софија да го блокира процесот процесот.

Осмо: Ирационално е и стравувањето дека ке се манифестира цензура за следење на говорот на омраза. Без да се прави митологија од тој чин, единствено МНР на двете држави ке контактираат и ке ги следат таквите инциденти а за овој вид дела ќе бидат одговорни институциите како за секој друг вид говор на омраза.

Деветто Подигањето на дел од ирционалните барања на Бугарија на ниво на ЕУ само ќе го олесно разрешувањето на овој вид недорзабирања.Патем да не заборавиме дека во дипломатското преговарање никогаш не постои апсолутен победник и апсолутен губитник, туку компромис каде девте страни се чуствуваат победницино не и целосно задоволни.

Десети: Медиумите во Франција беа изненадени од еуфоријата која беше создадена во Македонија од „работниот текст“ кој беше објавен во медиумите и толкуван како „голем пораз“, „неприфатлив текст“, “бугаризација“, „предавство“. Впрочем францускиот предлог ги содржи сите барања на македонската страна.

Владината тројка Ковачевски, Османи, Маричиќ ги истакнаа црвените линии и со сегашниот „Француски предлог“ можеме да биде целосно задоволни и да и одадеме омаж на македонската дипломатија и сите оние кои ја извојуваа оваа тешка битка. Затоа без многу развивања на негативна енергија, сопствени пресметувања и филозофии, без суети и емоции да се ослободиме од баластот на балканските менталитети, од лажните вести и манипулации и да ја подржиме Северна Македонија на патот кон членството во Европската Унија. Постои и друго сценарио, да не се подржи предлогот на ЕУ и да се откажеме, но што тогаш ни останува? Нема да имаме друг избор. ЗАТО ЕДЕН Е ПАТОТ КОН ЕУ А ТОА Е ПОДРШКА НА ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА, напиша Ружин.

Слични содржини