Ружин: Пресилно е да се менува законодавството поради проруските ставови на некоја партија

од Берта Китинска

Русија од 2014 година тајно потрошила повеќе од 300 милиони долари за да се обиде да влијае врз политичари и официјални лица во повеќе од дваесетина земји, се наведува во објавената телеграма на Стејт департментот.

На листата на земји е и Северна Македонија. Шефот на дипломатијата Бујар Османи во изјава за медиумите посочи дека од направените анализи на нашите институции „има такво нешто и тоа е комуницирано во неколку наврати дека има обиди за такво вмешување во партиско-политичкиот живот во Северна Македонија“.

Поранешниот дипломат Нано Ружин во разговор за „Локално“, посочува дека ако се утврди дека „Русија се мешала дирекно во внатрешните работи на С.Македонија разбирливо е дека е неопходна реакција преку дипломатските канали“.

-Познато е дека некои парламентарни и вонпарламентарни партии во дел од идеологијата се многу блиски до позицијата на Русија, вели тој.

На прашањето дали треба да се менува законодавството за вакви субјекти кои, според стратешките определби што сме ги зазеле, работат против интересите , Ружин посочува дека пресилно би било да се менува закон заради проруските позиции на некоја партија.

-Јас можам да реагирам како политиког, а не како правен експерт и од таа перспектива би било пресилно да се менува закон заради проруските позиции на некоја партија, тоа асоцира на Макартизмот, смета тој.

Објаснувајќи дека доколку партиите реагираат со организирање антидржавни активности ,диверзии и слично државата располага со правни механизми за да реагира правно.

-Сосема е разбирливо во една демократија да постојат и анти-НАТО партии ,анти глобалист и слично како што постојат во сите демократски режими. И тоа е индикатор на демократијата. Токму на таквиот терен можат да се активираат дебати и политичката активност на големите македонско про-атланските партии. За жал нашите про-европски и про-атлански НВО, не покажуваат поголем интерес во оваа материја. Младите треба да бидат особено добро информирани да се објасни романтизмот , наивноста на одредени политички приказни на проруските партии.Во таквата активност значајна е позицијата на медиумите, подвелкува тој.

Министерот за надоврешни работи пред неколку дена кажа дека се одговорни безбедносните служби, притоа не навлегувајќи во детали кои се политичари можеби се, или се под руско влијание подржано и со пари.

Тој појаснувајќи за тоа зошто не е прифатлив референдумот за прекин на Договорот со Бугарија, министерот објаснувајќи кажа дека на политичката сцена властите гледаат сериозно руско влијание.

-Ниту смее, ниту може да има референдум. Договорот со Бугарија е еден од столбовите на евроатлантска Северна Македонија заедно со Преспанскиот и Охридскиот договор. Еднонационални референдуми за стратешки прашања на државата се опасен преседан и тие не смеат да се случат. Од МНР сум ограничен да коментирам, но за Левица имам свој став – тие не се македонска партија, туку партија во функција на руската пропаганда за да го свртат македонскиот народ против ЕУ и САД. Не треба да потпаднеме под таа пропаганда која делумно е стимулирана и финансирана и има многу лоши и зли намери кон сопствениот народ и останатите граѓани, рече Османи.

Б.М.

Слични содржини