Ружин добитник на наградата Гоце Делчев за 2023 година

од Nikola Popovski
198 прегледи

Професорот и поранешен амбасадор Нано Ружин е еден од овогодинешните добитници на престижната награда – Гоце Делчев за 2023 година.

Ружин ја добил наградата за делото „Балкански иконографии”, каде што на преку 260 страни авторот прави семиолошка анализа на иконографиите и нивното значење во градењето на идентитетот, но и нивната злоупотреба од страна на демагозите и популистите. Книгата обилува со околу 500 фотографии на разни симболи, знаци, иконографски личности и творби.

Дипломатот од кариера е долгогодишен професор на Универзитетот ФОН, поранешен декан на факултетот за политички науки, ректор, а во својата кариера работел и како дипломат и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО.

Во доживотното почесно звање професор емеритус како нависоко признание и тутуларност е прогласен во 2022 година.

Слични содржини