Ружин: ЕУ ризикува главоболки со чекањето за влез на С. Македонија

од Nikola Popovski
246 прегледи

Професорот и поранешен дипломат Нано Ружин смета дека ЕУ во мометов е фокусирана врз две прашања, а тоa се кризата во Украина и начинот на кој што ќе се појави некој фидбек по економските и социјалните ефекти од оваа криза.

-Не само во однос на граѓаните од ЕУ, туку и од Африка. Нормално е дека после сето што се случува и случуваше, самите се прашуваме дали ЕУ, дали Брисел или Берлин се против тоа што е заклучено уште во 2003 година? Дали таа топка снег се претвори во вистинска лавина или Бугарија е автономна во своето вето? Разбирлив е европесимизмот. ЕУ ќе мора да смета на тој, затоа што кога веќе го гаси пожарот во Украина, ризикува да си создаде главоболки на Западниот Балкан во однос на безбедноста. Народот се разочарува од долгото чекање. Добиваме големи финансиски средства од ЕУ и имаме големи бенефити, но се уште не сме кажале дека имаме алтернатива за ЕУ. Пендаровски е во право кога смета дека не треба да бидеме големи оптимисти, но не треба и да се откажуваме, вели Ружин во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Слични содржини