Ружин: Има нелогичности во извештајот за корупција на Транспаренси, целата вина не е кај актуелната влада

од Nikola Popovski
369 прегледи

„Корупцијата постојано била присутна овде. Таа е симболот на мито. Тоа што е битно е начинот на пресметата на корупцијата. Се чудев на две интервенции на личности од опозицијата, кои зборуваа за перцепцијата на корупцијата. Индекс на перцепција на корупција е една работа, а индекс на корупција е друга работа. Проценката на степено на корупција е еден хибриден метод“, вели политичкиот аналитичар и поранешен амбасадор, Нано Ружин за емисијата „Само вистина“.

Според него, ако немате изграден механизам за битка против корупцијата, тогаш се качувате на 111-тото место,

„Има одредени нелогичности во извештајот, но и дали методите на Транспаренси Интернешнл се навистина најдобри. Сепак сметам дека целата вина за корупцијата не може да ѝ се припише на оваа влада, затоа што таа наследи една хаотична состојба од претходната власт“, потенцира Ружин.

Слични содржини