Ружин: Сфативме дека Бугарите се непредвидливи

од Nikola Popovski
290 прегледи

Сфативме дека Бугарите се непредвидливи во овој домен, вели професорот и поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин околу изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков дека “сега е време да се решат пречките и проблемите со С. Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ“.

Ружин ја цитира мислата дека големите држави се однесуваат како што сакаат, а малите како што мораат.

-Во овој случај дека тој беше во посета на САД, веројатно се однесува како што мора, но вистината ќе се види за извесно време. Се надеваме дека се ќе биде во ред, оценува Ружин во емисијата „24 отворено“.

Слични содржини