Поранешниот амбасадор Нано Ружин вели дека состојбата во Косово е тензична, но дека не би требало сепак да сме толку загрижани, бидејќи како што вели во изјава за Канал5, меѓународната заедница нема да го испушти овој конфликт да дегенерира.
Тој, смета дека Македонија треба будно да го следи развојот на настаните, но не очекува како земја на НАТО, да има реперкусии по безбедноста.
– Во секој случај тоа не добар знак за стабилноста на Косово и на регионот, затоа што се случува во време кога светот геополитички е вознемирен осбено со војната во Украниа. Сметам дека не би требало сепак да сме толку загрижани, за среќа ние сме членка на НАТО, а од друга страна не верувам дека меѓународната заедница ќе го испушти овој конфликт да дегенерира, изјави меѓудругото Ружин.