Ружин: Треба да ѝ се честита на актуелната влада за преговорите со Бугарија

од Nikola Popovski
351 прегледи

Поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин смета дека треба да ѝ се честита на актуелната влада за преговорите со Бугарија.

-Дипломатот е поинаков, аргументиран, внимателен, оди ако треба два чекори напред, еден назад, разменува, гради позиција и за тоа што сега го прави владата, треба да ѝ се честита, вели Ружин во емисијата „24 анализа“.

Тој прави споредба со спорот со Грција, кога немаше никакви средби, ниту дијалог.

-Петков и Ковачевски се нови. Петков ни направи чест што дојде во Скопје и се договорија еден од петте проблеми да се отфрли. Од друга страна во однос на малцинствата сметам дека не сме во ситуација за реципроцитет, посочува Ружин во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Слични содржини