Ружин: Во СДСМ освен кадровски, потребни се и стратешки промени, за партијата да има подобра позиција на следните настани

Тој за „Локално“ вели дека СДСМ плаќа данок на сериозни пропусти во нивното делување.

од Бисера Трајковска
12 прегледи Фото: Принтскрин

Во СДСМ освен кадровски, потребни се и стратешки промени. Промените се неопходни, доколку се констатира дека една политичка партија доживеала пораз, односно не ги исполнила посакуваните цели и резултати, вели за „Локално“ професорот и поранешен амбасадор Нано Ружин.

Тој смета дека мора да се промени нешто, за партијата да има подобра позиција на следните настани.

Прашан што е последица на ваков пораз на СДСМ во првиот круг од локалните избори, Ружин напомена дека партијата плаќа данок на сериозни пропусти во нивното делување.

-Најверојатно се плаќа данок на некои сериозни пропусти во партијата, во однос на делување, изборната база, клиентализам, роднинска основа, форсирање на кадри кои што се веќе непопуларни и кои што се надминати, несоодветни коалиции, недостаток на визија, недостаток на луѓе и на членство, посочи Ружин.

Според Ружин, потребна е детална анализа од експерти во однос на ваквиот неуспех на СДСМ.

Б.Т.