Професорот и поранешен амбасадор Нано Ружин претпоставува дека внатре во францускиот предлог, Бугарија се изборила за познатите прашања, што ги бара уште од почетокот.
-Тука сме пред дилема. Ако се прифати тој предлог, С. Македонија ќе добие датум за почнување на преговорите, но ако тој предлог оди како предлог и на ЕУ во смисла на исполнување на обврските, се поставува прашањето дали на секој агол ќе бидеме уценувани и стопиран од страна на Бугарија. Можеби пак како предлог на ЕУ, самите форми и содржина можеби ќе се релативизираат на еврократите, бидејќи знаеме тоа што го предлага Софија е ирационална работа, вели Ружин.
Професорот смета дека во дипломатските преговарања, никогаш не се зборува за победа или пораз, туку за компромис.
-И победуваш и губиш, тоа е големата филозофија на преговарањето. Значајно е што постепено ќе се отвори трка меѓу земјите од Западен Балкан, а од друга страна, Украина, Молдавија и Грузија за таков статус. Аргументот за војната е битен аргумент. Тука Западен Балкан е во предност. Дотоколку што неколку функционери го иницираа тој состанок на 23-ти јуни кога ќе се одлучува. Постои додатна енергија од страна на земјите-членки на ЕУ, да што побргу се отвори патот на Тирана и Скопје за добивање датум за преговори. Косово и БиХ се само потенцијални кандидати. Би било неправда овие држави да бидат занемарани на сметка на Украина и Молдавија. Европа треба да се преструктуира, дури и ако е поголема од ЕУ, рече Ружин во Дневникот на ТВ Сител.
-Можеби под некое влијание, договори, можеби нашето раководство ќе прифати нешто. Политиката е битна за да добиеме датум. ние сме добар кандидат. Бугарија кога влезе беше под денешните стандарди на Република Македонија. Ние не сме подготвени да го продаваме нашиот идентите. Убеден сум дека постои можност да добиеме датум, доколку не се искомплицираат работите на бугарската политичка сцена, додаде Ружин.