Ружин: Зеленски не е оставен сам на себе , 21-иот век не поднесува унитерални зафати

од Маја Анчевска

Условно кажано, Зеленски е оставен сам на себе, заради тоа што доколку Западот интервенира, тогаш тоа буквално ќе значи Трета светска војна. Меѓутоа гледајќи ја целокупната мобилизација на светското јавно мислење, на меѓународно јавно мислење на владите,  на се она што е преземено од еден до друг крај на светот, од економски, финансиски, спортски, банковна, хуманитарна помош,  наоружување, не можеме да кажеме дека украинскиот народ е оставен на милост и немилост. Постои огромна солидализираност од светот за украинскиот народ. Зеленски е само прагматична фигура која што се обидува да диригира, понекогаш претерува со ирационални работи како што е барање за членство во ЕУ, бидејќи тоа не е едноставен процес. Зелински не е оставен сам на себе и тоа тој самиот го знае, 21 – иот век не поднесува унитерални зафати, вели за „Локално“, професор и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин.

Според Ружун инвазијата на Русија во Украина доведе до големи геополитички и геостратешки движења во Епропа, особено во тој дел на светот, Евроазија и секако дека кога постои таков вид на војна, сите држави се солидаризираат меѓу себе во рамките на оние интеграции како што се ЕУ и НАТО, но истoтака се вртат и кон својата држава и безбедност и настојуваат да се однесуваат согласно глобалната политика и односот на С. Македонија, како членка на НАТО. 

На мислење е дека војната ќе има влијание во Македонија, особено од економски аспект.

– Што може да се очекува, се зависи од тоа до каде ќе оди Путин. Доколку оваа војна остане изолирана на тоа што сега е, ние немаме толку голема грижа за безбедноста, бидејќи прво не дели голема територија, немаме директи граници со Украина ниту со Молдавија која е испоставен дел на Русија т.е транзиција. Доколу се договорат страните ќе има еден вид на смирувачки тонови, меѓутоа тоа што на краток рок можеме да очекуваме е зголемување на цените на енергенсите, а со тоа и на цела палета на други производи. Имено Македонија има голема зависност од рускиот земен гас, практично 100 % зависнот, сето тоа ќе има повратен фит бек врз порастот на цените, можеби некади 6 пати ќе се зголеми цената. Се затвара пазарот на Русија за македонските производи, бидејќи се уведени санкции. Од друга страна ќе се зголеми незадоволството, кај оние кои извесувале на рускиот пазар, особено кај извозниците на ран зеленчук и овошје.

– Во геополитичка смисла, голем број на држави почнаа да притискаат и од ЕУ и од кај нас, да се забрза интеграција во евроатланските регионални интеграции. Пред некој ден Претседателот на Хрватска ради барање на Украина да влезе во ЕУ,  бараше да се забрза влезот  на Албанија и Македонија. Така гледано може да дојде и до некој позитивен ефект. Засега сите се во исчекувања и не се знае што ќе се случи.  Доколку Путин тргне понатака, оди на транзиција во Молдавија, тогаш и Македонија тоа ќе го почувстува, иако јас не верувам дека тоа ќе се случи, вели Ружин.

Ружин потенцира дека целите на Русија се геостратешки и геополотички, а можна е транзиција до Молдавија и Грузија.

– Прва цел и е да ја неутрализира Украина да стане членка на алијансата, мислам на ЕУ. Втора цел е геостратешка и геополотичка, да се признае Крим како нејзина територија, признавање на Донбас и Луганска е огромна грешка, Русија и така и така ги контролираше. Ќе настојуваат да ја исконтролираат Украина да не стане тло на ракети кои беа насочени кон Русија како што беше случај со Полска. Можно е да одат во транзиција до Молдавија и Грузија кои не се членки на НАТО и на тој начин Русија нема да биде во судир со НАТО, но тоа се само теоретски предпоставки. Сепак, не може да се знае до каде ќе одат, смета професорот.

Како што вели Ружин, со војна криза можно е да се отворат вратите на С. Македонија во преговорите за влез во ЕУ, но само доколку Брисел активно се вклучи во процесот.

-Можно е оваа војна криза да доведе до позрело размислување и да се зголеми влијание на Брисел врз Бугарија да попушти во нејзините тврдокорни ставови, заради таквата кризна состојба и што не е прифатливо нашата држава да биде вон европската интеграција и да не мрднат со прст, иако бевме многу понапред од Бугарија, Романија и од Хрватска во 2005 година.

M.A.

Слични содржини