С. Кореја контра Шведска и Финска: Влезот во НАТО ќе ја влоши безбедноста во Европа

од Nikola Popovski
199 прегледи

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја денеска го осуди обидот на Шведска и Финска да се приклучат на пактот за НАТО, кој го поддржуваат САД, бидејќи тоа може да ја влоши безбедносната ситуација во Европа.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја денеска го осуди обидот на Шведска и Финска да се приклучат на пактот за НАТО, кој го поддржуваат САД, бидејќи тоа може да ја влоши безбедносната ситуација во Европа.

Ова го објави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на соопштението на севернокорејското министерство, во кое се наведува дека евентуалното членство на Шведска и Финска во НАТО „само ќе ја интензивира воената конфронтација со Русија и ќе ја наруши воената рамнотежа во Балтичкото Море“.

Напоменато е дека на 28 април американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави дека Вашингтон сигурно ќе ги поддржи барањата на Хелсинки и Стокхолм за приклучување кон евроатлантската алијанса.

– Наведените факти докажуваат дека САД и Западот ја користат украинската криза како можност за стегање на мрежата околу Русија, а таквите потези ќе предизвикаат посилни реакции од Москва, се вели во соопштението на Министерството од Пјонгјанг.

Тајмс минатиот месец објави дека двете балтички држави би можеле да се приклучат на НАТО уште ова лето.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко изјави дека доколку Шведска и Финска го сторат тоа, Москва ќе ги спроведе сите соодветни одбранбени мерки.

Слични содржини