С. Македонија и Јордан потпишаа меморандум за соработка во земјоделието

од Nikola Popovski
179 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи оствари средба со министерот за земјоделие на Јордан, Халид Ал Ханифат. На средбата беше потпишан Меморандум за соработка во областа на земјоделието помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Хашемитското Кралство Јордан.

Ова е прв меѓународен договор меѓу владите на двете земји и уште еден чекор кон продлабочување на билатералните односи, информира Османи.

-Создаваме основа за интензивирање на размената на прехранбени продукти и земјоделски производи, особено во делот на зголемување на извозот на овошје, зеленчук и јагнешко месо од Северна Македонија во Јордан. Северна Македонија отвора нови пазари, а Кралството Јордан диверзификација на снабдувањето со храна, појасни министерот.

Слични содржини