С. Македонија се придружи на санкциите на ЕУ кон ДР Конго

од Nikola Popovski
150 прегледи

С. Македонија се придружи на санкциите на ЕУ наменети за Демократска република Конго, соопштија денеска од Советот на ЕУ.

-Земјите кандидати Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Република Молдавија и Босна и Херцеговина, како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, членки на Европската економска заедница, се приклучија на санкциите против Демократска Република Конго, стои во целосното соопштение.

Земјите се обврзале да ги приспособат своите национални политики на одлуките на Советот.

-Европската унија ја забележува оваа заложба и ја поздравува, се наведува во соопштението.

Слични содржини