Евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир денеска од Битола порача дека Македонија и Бугарија треба да вложат подеднакви напори за развој на добрососедските односи.
-Очигледно е дека сите земји имаат корист од развој на добрососедските односи во контекст на развивање на економијата, креирањето на нови работни места, културата и целото општество. Сите страни треба да направат се што е можно се со цел да се креира атмосфера тие односи да бидат попродуктивни и покорисни колку што е можно повеќе, кажа Гир како одговор на новинарско прашање.
Тој додаде дека е од огромна важност да се развиваат позитивни релации во развивање на добрите меѓусоседски односи.
-Потребни се напори и преземање обврски од двете страни, во добра волја за да се развијат овие позитивни односи, и двете страни да направат напори за имплементација на Договорот за добрососедство, за тој да се имплементира во добра волја за да има корист двете страни, рече Гир.