С. Македонија нема да увезува руска нафта

од Nikola Popovski

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска повтори дека нашата земја нема да увезува руска нафта.

-Согласно податоците што ги добиваме од РКЕ во делот на потрошувачката и во делот на компаниите кои имаат лиценца за трговија, последните неколку години не повеќе од 20% е користена нафта која од руски рафинерии, главно од една компанија која има бензиски пумпи. Другиот дел е целосно увезен од Хеленик Петролеум кој согласно нашите податоци не користи многу руска нафта, туку користи од туѓи извор. Значи дека нема големо влијание во нашата држава, рече Бектеши како одговор на новинарско прашање.

Во делот на санкциите, Бектеши додаде дека политиката е да се следат санкциите на ЕУ и така најверојатно ќе продолжи.

-Секако треба да се придржуваме на мерката. МНР и предлага на Влада одредени одлуки кои ги носи ЕУ, кажа министерот за економија.

Слични содржини