С.Македонија е лидер во европските интеграции – не би сакал да биде во друштво на БиХ и Косово, порача премиерот

од Nikola Popovski
154 прегледи

Ќе се обидеме целиот процес да го завршиме побрзо затоа што не сакаме другите земји од регионот да отидат пред нас. Ги имаме Албанија, Црна Гора и Србија кои што преговараат и не би сакал Македонија да се најде во друштво на БиХ и Косово во делот на преговорите со ЕУ. Земја која што е лидер во европските интеграции во моментов и членка на НАТО треба да биде во друштво на другите земји во делот на пристапување. БиХ има елементарни внатрешни работи за решавање, вели претседателот на Владата, Димитар Ковачевски за желбата за што поскоро усвојување на уставните измени кои се неопходни за продолжување на поглавјата од преговорите со ЕУ.

Од спротива, вели Ковачевски, доколку не ги усвоиме уставните промени, би имале изолација, чекање, блокади и на крај повторно седнување на маса и размислување како да се заврши процесот.

-Наместо 2011 година да имаше решение на спорот со Грција, се одложуваше и на крај добивме полошо решение, рече денеска премиерот, одговарајќи на новинарски прашања.

Слични содржини