С.Македонија е најдобра држава во регионот, порача Ковачевски

од Nikola Popovski
211 прегледи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски смета дека ЕУ сака да ја види земјава како дел од европското семејство, со оглед на тоа што „ние сме најдобрата држава во регионот“.

-Ние сме држава која во моментов е најдобра во регионот и сигурно дека Европската Унија која веќе го отпочна процесот за свое реформирање, со оглед дека ќе има прием на нови членки, сака да ја види земјата како дел од ЕУ, зашто оној што е најдобар треба и прв да влезе. Одлуката зависи и од нас, рече денеска Ковачевски.

За посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен која е најавена за крајот на овој месец тој рече дека на средбите ќе стане збор за скрининг процесот, инвестициите, но и за продолжување на евроинтеграцискиот пат.

Како што додаде, тој не би користел зборови, како „убедување“, кога станува збор за посетата на Фон дер Лајен бидејќи такви споредби милува опозицијата. Наспроти тоа, Ковачевски рече дека во земјата пристигнува голем пријател.

Слични содржини