С. Македонија и Црна Гора направија силен исчекор на патот кон големоалбанска интеграција, вели Вулин за резолуцијата за Сребреница

од Nikola Popovski
567 прегледи

Потпретседателот на Владата на Република Србија, Александар Вулин „се надева дека Романија ќе успее да го спаси барем Црното Море, додека С. Македонија и Црна Гора оствариле силен исчекор напред на патот на големоалбанската интеграција“. Ваквиот негов став следува по изгласувањето на Резолуцијата за Сребреница.

„Романската поговорка вели: Романија има двајца пријатели, Црното Море и Србија. Оттаму се надевам дека ќе успеат да го зачуваат Црното Море. Додека Црна Гора и Северна Македонија направија силен чекор напред на патот кон големоалбанска интеграција. Тие самите избраа“, порачал Вулин, пренесуваат српските власти, до властите во Романија, Црна Гора и Македонија кои гласаа за резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

Со реакција на гласањето на соседите на Србија, се осврна и српскиот претседател Александар Вучиќ. Изјавил дека „потешко го погодила“ одлуката на Македонија.

„Најмногу вложив во односите со нашите браќа Македонци, но испадна дека не е фер. Се покажа дека Грција има повеќе ‘рбет од Скопје и тоа е така. Најодвратно ми беше однесувањето на Црна Гора околу резолуцијата. Не ме разочара затоа што очекував да гласа ‘за‘. Но, потешко од Црна Гора ме погоди Северна Македонија“, заклучил тој.

Слични содржини