511
Македонскиот претседател Стево Пендаровски и претседателката на Грузија Саломе Зурабишвили на платото пред претседателската резиденција во Вила Водно потпишаа безвизен режим.
„ Спогодба меѓу двете држави за укинување на визите, со што се олеснува патувањето на македонските и грузиските граѓани. Вториот документ е Меморандум за соработка во областа на културата меѓу нашето министерство за култура и грузиското министерство за култура, спорт и млади. Заедно, овие два документи треба да бидат правна основа за развој на туризмот, и на севкупната економска и културна соработка меѓу двете земји“, изјави претседателот Пендаровски, кој додаде дека во процедура се и други договори, меѓу кои и оние за економска и техничка соработка.