С.Македонија и официјално членка на БСЕК, носи можности за регионални проекти

од Берта Китинска
194 прегледи

Од 9-ти ноември Северна Македонија и официјално станува члена на Црноморската економска соработка, соопшти на прес конференција, Бујар Османи – Министер за надворешни работи.

„Оваа организација покрива три различни региони – Балканот, Кавказот и Црното Море, со површина од 20 милиони квадратни километри. Обемот на трговијата во рамки на БСЕК изнесува приближно 170 милијарди долари годишно, а важно е да се потенцира и дека БСЕК го претставува вториот најголем извор на нафта и природен гас по регионот на Персискиот Залив, со што претставува еден од главните снабдувач на енергија за Западна Европа”, истакна Османи, набројувајќи го опсег на сферите на соработка помеѓу земјите членки на организацијата: трговијата и економскиот развој; банките и финансиите; комуникацијата; енергијата; транспортот; земјоделството и агро – индустријата; здравствената и фармацевтска грижа; заштитата на животната средина; туризмот; науката и технологијата итн,