С. Македонија ќе го организира Европското првенство во одбојка во 2023

од Nikola Popovski
285 прегледи

Европското првенство во одбојка во машка конкуренција ќе се одржи од 28 август до 16 септември следната година во Италија, Северна Македонија, Бугарија и Израел, соопшти денеска Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ).

Четвртфиналето ќе се игра во Италија и Бугарија. Полуфиналните натпревари и тие за медал ќе се играат во Италија.

Покрај земјите домаќини, на ЕП ќе учествуваат и Словенија, Полска, Србија, Холандија, Германија, Чешка, Франција, Украина, Турција, Финска, Белгија, Португалија, Грција, Шпанија, Романија, Швајцарија, Данска, Црна Гора и Естонија. Во случај Русија да биде суспендирана, таа ќе биде заменета со Шведска врз основа на рангирањето на ЦЕВ.

ЦЕВ денеска соопшти дека Белгија, Германија, Италија и Естонија ќе бидат домаќини на Европското првенство во одбојка за жени, кое е закажано за следната година од 15 август до 3 септември. Четвртфиналето ќе се игра во Белгија и Италија. Полуфиналните натпревари и медалот ќе се играат во Белгија.

Ждрепката за двете ЕП ќе се одржи на 16 ноември во Неапол, а 24-те репрезентации ќе бидат поделени во четири групи со по шест селекции. Во осминафиналето ќе се пласираат четири екипи од секоја група.

Слични содржини