Министерот за здравство, Венко Филипче денес соопшти дека официјалните лица од Министерството во вторник ќе заминат во официјална посета на Белград, каде ќе се сретнат со тамошниот министер за здравство, Лончар и директороката на Институтот „Торлак“.
„Ќе се разговара за повеќе битни теми во областа на соработката, но исто така ќе биде ставен акцентот на набавка на вакцини од таму. Во моментов не ни се потребни, но има разни најави и ја следиме ситуацијата. Институтот ни е најлогично решение во делот за набавка понатаму. Сакаме „Торлак“ да ни биде стратешки партнер и долгорочно решение“, потенцира Филипче.
Вчера официјалните власти од Србија објавија дека земјата започнува со производството на руската вакцина „Спутник V“, кои во јуни ќе бидат достапни во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“. Србија има намера да ја прозизведува и кинеската вакцина, а претседателот Александар Вучиќ најавува помош за целиот регион.