С.Македонија меѓу земјите со најниска стапка на вонбрачни деца во Европа

од Nikola Popovski

Во Македонија само 13,7 отсто од децата се родени во вонбрачни заедници, за разлика од Западна и Европа каде што повеќе од половината од живородените деца се од родители кои не биле во брак, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Во Европа, помалку деца родени во вонбрачни заедници од Македонија, има во Турција (2,8%) и во Белорусија (13,0%). Од земјите во регионот, во Грција 16,5 проценти од живородените деца се од родители кои не биле во брак, во Хрватска 23,6, во Србија 30, во Словенија, 57,7, а во Бугарија 59,9 отсто.

Речиси во цела и Западна Европа, поголемиот број од децата биле родени надвор од брак. Процентот на вонбрачни деца е највисок во Исланд (69,4%), во Франција (63,5%) и во Португалија (60,0%).

Во повеќето земји од Источна Европа, тој број е под 30 проценти, а убедливо највисок е во Бугарија (59,9%) и во Чешка (48,5%).

Слични содржини