С.Македонија меѓу 46 земји кои бараат ослободување на Навални

од Vladimir Zorba
482 прегледи

С.Македонија потписник на заедничката изјава на Советот за човекови права, која ја повикува Руската Федерација за итно и безусловно ослободување на Алексеј Навални и сите лица кои се незаконски или произволно лишени од слобода.

Во изјавата, потпишана од 45 други земји, се изразува загриженост за влошувањето на човековите права и основните слободи во Руската Федерација.

„Апсењето и следното изрекување на казната на Навални се засноваа на претходната пресуда што Европскиот суд за човекови права ја прогласи за произволна и очигледно неразумна. Тоа се случи во контекст на обид да се отруе овој руски државјанин, без настанот да биде соодветно истражен и веродостојно објаснет“, беше наведено во изјавата потпишана во рамките на 46-та седница на Советот за човекови права, цитирана од Танјуг.

Земјите потписнички се загрижени и за големиот број на самоволни апсења на демонстранти кои изразија поддршка за Навални во многу руски градови.

На списокот на држави потписнички се вклучени и Црна Гора, Албанија, Хрватска, Франција, Германија, Велика Британија и САД.

Слични содржини