С. Македонија не ја признава руската анексија на четирите украински региони

од Nikola Popovski
181 прегледи

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи уште еднаш повтори дека земјава не ги признава резултатите од референдумите во четирите украински региони организирани од официјална Москва.

-Силно ги осудуваме лажните референдуми во Украина кои претставуваат сериозно прекршување на меѓународното право. Резултатите се ништовни и Северна Македонија нема да ги признае. Го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, сподели Османи на Твитер, додавајќи го хаштагот од Твитер профилот на неговиот украински колега, Дмитро Кулеба.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска „свечено“ прогласи анексија на четири окупирани региони на Украина на раскошна церемонија во Кремљ.

Четирите украински територии, Херсон и Запорожје на југ и Доњецк и Луганск на исток, формираат клучен копнен коридор меѓу Русија и полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

Сите пет заедно сочинуваат околу 20 отсто од територијата на Украина.

Слични содржини