С. Македонија обезбеди прибежиште за уште 14 авганистански граѓани

од Nikola Popovski
302 прегледи

На Меѓународниот аеродром Скопје попладнето пристигнаа 14 граѓани на Авганистан, вработени во Обединетите Нации и членови на нивните семејства.

Станува збор за продемократско население кое е во опасност од талибанските власти, а за кои Северна Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава. Со ова земјава ја продолжува активната улога во меѓународната операција за помош на граѓаните на Авганистан.

По слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест.

Овие цивили ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации.

Во земјава во моментов престојуваат 568 граѓани на Авганистан за кои институциите се ангажирани со сета поддршка и помош. Од Северна Македонија до сега заминаа 85 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.

Слични содржини