С. Македонија со најмалку корупција на Балканот според индексот на ГРП

од Vladimir Zorba
376 прегледи

Северна Македонија на листата на  студијата на швајцарската компанија за управување со ризик Global Risk Profile (GRP) за 2021 година се наоѓа на 85-тото место, со индекс 43,56, што ја прави најмалку корумпирана споредено со земјите од Западен Балкан.

Најмалку случаи на поткуп и корупција се откриени во Финска, на второ место е Норвешка, а потоа следуваат Нов Зеланд, Данска и Шведска.

На листата по Северна Македонија се  Црна Гора на 89. место, потоа Србија на 92. место. На 122-рата позиција е Косово, Албанија на 125-тото место и Босна и Херцеговина на 131-вото место. 

Во истражувањето се опфатени вкупно 196 земји, а на дното на листата, како земји со високо ниво на корупција се Северна Кореја, Сирија и Либија.

Глобалниот индекс ја рангира корупцијата според одредени критериуми, вклучително и перењето пари и финансирањето тероризам.