С. Македонија застанува на страната на демократскиот и слободен свет, изјави Ковачевски пред СБ на ОН

од Vladimir Zorba
257 прегледи

„Руската воена агресија врз Украина, која се уште трае, до таа мерка ги смени глобалните односи што итно се наметнува потребата од повторно препознавање на нашата референтна правна рамка, донесена од страна на основачите на ООН. Нивната јасна намера била избегнување на ужасите од војната. И овој пат како и многу пати досега Република Северна Макеоднија цврсто застана на вистинската страна на историјата, на страната на демократскиот и слободен свет, на страната на правото на секоја земја за самоопределување“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање, како прв македонски премиер на отворената седница на високо ниво на Советот за безбедност при Обединетите Нации.

Тој додаде дека денес сите земји мора повторно заедно да застанат на страната на мирот и да се заложат за почитување на Повелбата на Обединетите нации.

„Како рамноправен дел од тогашната Федерација која била меѓу основачите на ОН, но и како држава која пред 30 години се стекна со свое самостојно место во оваа Организација, Република Северна Македонија го крева својот глас и ја споделува крајната загриженост од кризата која ја притиска Организацијата на Обединетите Нации, но и меѓународниот правен поредок, светскиот мир и стабилност“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека Новата Агенда за мир на Генералниот Секретар Гутереш е шанса што треба да се искористи и во функција на создавање услови за многу поединствена акција, со свест за растечките ризици.

Слични содржини