Сѐ уште не е најдено исчезнатото дете во Мариово

од Vladimir Zorba
451 прегледи

И по два дена, сѐ уште нема ниту трага ниту глас од 10-годишниот Петар кој во петокот попладнето исчезна од селото Врбско во Мариово, пренесе МИА.

Според информациите од СВР Битола потрагата продолжува, но засега нема никакви резултати. Временските услови, врнежите од снег и студеното време, ја отежнуваат потрагата.

Пределот се пребаруваше до доцна синоќа со екипи на полицијата, од граничната и од прилепската станица, со доброволци, ловџии, од спасувачката служба од Прилеп и противпожарната единица. Вчера беше вклучен и хелихоптер на МВР.

На 10-годишниот Петар трагата му се губи во петокот по 16 часот.

Родителите на Петар, со своите три деца од Прилеп, каде живеат, неколку дена биле во селото за да ги проверат пчелите. Петар е дете со
посебни потреби кое тешко комуницира. Кога исчезнал бил во лесна облека.

Слични содржини