Сајмон Кауел непрепознатлив по естетските корекции, ги загрижи фановите (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Телевизиската ѕвезда Сајмон Кауел (63) ги загрижи фановите со својот изглед.

Имено, на официјалниот Твитер профил на британскиот „Суперталент“ е објавено видео во кое Сајмон им се обраќа на гледачите да ги поттикне да се пријават на аудиции за новата сезона на шоуто, пишува „Дејли Мејл“.

Сепак, неговото видео доби поинаква реакција од очекуваната. Огромното мнозинство гледачи истакнаа дека Кауел изгледа непрепознатливо и дека неговиот моментален изглед е загрижувачки.

Неговата кожа изгледаше беспрекорно, забите бели како снег, а се забележуваше дека има подобрено делови од лицето.

„Јас не сум тој што коментира туѓ изглед, но лицето му изгледа како да се топи“, „Некој заборавил да ги исклучи филтрите на Snapchat“, „Што му се случи“, се само дел од коментарите под објавата.

Да потсетиме, Сајмон никогаш не криел дека лицето го корегирал со ботокс, а со корекции почнал во 2016 година бидејќи сакал да изгледа помладо.

Тој изјавил и дека еднаш се претерал со ботокс, што го исплашило неговиот син. Тогаш изјави дека ќе престане да прави корекции, но се чини дека не го одржал ветувањето.

Слични содржини